Предлог резолуција на СДСМ со црвените линии
Филипче и официјално ја презентираше предлог резолуцијата со црвени линии за која очекува дека доколку се постигне национален консензус земјата може до фервруари да почне да го отвара првиот кластер во преговорите со ЕУ без нови барања и условувања.
Иако временската рамка која ја дава односно уставните измени и амандмани да влезат во собраниска процедура од 15 ноември па натаму а финалната фаза да биде прва половина на февруари сепак остава простор и за одредени временски поместувања на роковите доколку сите политички чинители се согласат на тоа. Резолуцијата како што и вчера веќе објави ТВ 24 содржи делови од претходните резолуции кои се носени во собранието неговата улога во целиот процес, а Филипче вели различно е тоа што очекува национален консензус од сите страни. Резолуцијата ја гарантира заштитата и на националните и државни симболи.
Иако претходно првиот опозиционер говореше дека доколку стигнат нови барања од официјална Софија во резолуцијата ќе иницира да ги прекинеме преговорите со Еу сега во нацрт верзијата предлага предлага да се испрати допис до ЕУ и сите европски институции во случај ако официјална Софија не го испочитува договореното и наметне нови барања.
Филипче денеска апелираше политичките партии да не го злоупотребуваат овој документ предизборно за партиски цели и затоа вели од тие причини ќе го поднеле до законодавниот дом по завршувањето на локалните избори а партиите вели ќе имале доволно време внимателно да го разгледаат.
Сепак и премиерот Мицкоски најавуваше интензивирање на процесот во преговори со ЕУ по изборите , а и пораките кои доаѓаа од Брисел беа во насока на тоа што поскоро земјата да ги донесе уставните измени за да не каска позади останатите земји од регионот како Албанија и Црна Гора.

