Предлог-иницијативата за уставни измени од Министерството за правда испратена во Владата

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието.

Министерството за правда минатата недела работеше на  прочистување на предлогот, а тој беше преведен и на албански јазик.

Засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително.

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. Промените се во делот на преамбулата.