Предлог буџетот стаса во Собранието - ќе изнесува рекордни 6,5 милијарди евра

Предлог буџетот за 2025 година стаса во законодавниот дом. Според информациите на Телевизија 24 расправата за државната каса заа догодина помеѓу пратениците на власта и опозицијата ќе започне на 14ти овој месец.

Во документот стои дека владата догодина планира да собере 5,8 милијарди евра, но плановите за трошење и се поголеми, односно планот на властите е да потрошат фантастични 6,5 милијарди евра.

БУЏЕТ 2025

ПРИХОДИ 5,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

РАСХОДИ  6,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Парите кои недостасуваат ќе се позајмуваат од домашникте банки или од меѓународните финансиски институции. 

„Приходите се зголемени за 13%, расходите растат за 10% во однос на 2024 година, буџетскиот дефицит се намалува за околу 3,3 милијарди денари.Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит проектиран на ниво од 4% од планираниот БДП.“ - Буџет 2025.

Податоците од Предлог Буџетот велат дека дури 57 милиони евра се резервирани за плати. Над 32 милиони евра се предвидени за дотации, а според планот на сметката на Фондот за здравство догодина треба да легнат речиси 85 милиони евра. Засега не е предвидено колку пари тртеба да бидат наменети за раст на минималецот кој надоцна треба да се случи во март идната година. 

„Во проектираната маса на плати вклучено е усогласување на платите согласно колективните договори во повеќе дејности, додека новите вработувања ќе се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор.“ - Буџет 2025.

Во однос на капиталните инвестиции, и тие се оптимистички проектирани како и секоја година. Планот на владата е догодина на капитални проекти да бидат  потрошени 800 милиони евра. Во фокус ќе бидат ставени изградбите на коридорите 8 и 10д.

Инаку, првите 10 дена се предвидени за комисиска расправа каде треба да се поднесат и амандманите на ово предлог буџет, потоа следуваат уште пет дена расправа на пленарна седница и негово гласање и усвојување.