Предлог буџетот и денеска пред пратениците
Во Собранието продолжува расправата за Предлог буџетот за 2026 година. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. За догодина планот е државата да собере 6,7 милијарди евра, но и да се потрошат 6,7 милијарди евра.
Парите кои недостасуваат планот е да се обезбедат со задолжувања од домашните банки и меѓународните финансиски институции.
Според Владата, со овој предлог буџет се зајакнува довербата во институциите, буџетот ќе ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и ќе создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции.
Опозицијата пак со обвинувања за предлог буџетот, сметаат дека е подготвен за партиски цели на ВМРО ДПМНЕ...

