Предизвикување верска омраза и организирање отпор: Обвинителството за протестите против новиот сообраќаен закон

За предизвикување омраза и организирање отпор ќе бидат гонети лицата кои протестираа низ повеќе градови во Македонија, а откако полицијата им ги одзеде возилата поради возење без возачка дозвола, соопшти Јавното обвинителство. Владеачката ВМРО–ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека стои зад дел од протестите против новите сообраќајни закони, додека опозицијата вели дека не се против казни, но бараат решение за луѓето кои не можат да полагаат за возачки.