Предизвици за текстилната индустрија
Текстилството на колена, индустријата ќе бара спас од новата влада. Немаме институционална меморија и мораме од почеток да ги остваруваме истите контакти и одново да ја пресликуваме моменталната состојба во овој сектор за да дадеме осврт на проблемите со кои се соочува текстилството во државата, вели претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.
Дали текстилната индустрија ќе ги издржи ударите и во каква ситуација се наоѓа текстилниот работник?
Дека македонската текстилна индустрија се соочува со сериозни предизвици за кои е потребна итна интервенција на владата се согласуваат и од Бизнис Конфедерацијата, од каде велат дека со спроведување на политики за поддршка и поттикнување на фер конкуренција мора да се најде начин како да се преструктуира овој сектор, со тоа што компаниите треба да вложуваат во нови технологии и нови производи.
Факт е дека од година во година има континуиран пад на бројот на работници, но и на индустриското производство од три до пет отсто. Дали текстилната индустрија во државата сепак ќе успее да застане на здрави нозе и ќе има одржлива иднина зависи од многу фактори и услови.

