Предизвици во текстилната индустрија, ќе “преживее” ли текстилниот сектор годинава?!
Од намалени нарачки до затворање на најмалку десеттина текстилни компании. Кризата во Европа “удри“ и врз македонскиот текстилен сектор.
Растот на производните трошоци, зголемувањето на минималната плата, како и слабата продуктивност се главните причини за ситуацијата во која се наоѓа овој сектор, објаснува за 24 Маријана Перковска од Текстилниот кластер.
Според неа, премногу е тешко да се најдат нови пазари, бидејќи проблемот е во тоа што ние стануваме многу скапи, односно, како што вели Перковска, надоместокот на платата не коренспондирал со продуктивноста.
За да биде уште поголема агонијата, во овој сектор освен што постојано се намалува бројот на договори со нарачателите и паѓа обемот на производството, се ситни и бројката на текстилните работници. За ваквата ситуација се свесни и од Бизнис конфедерацијата.
Нарачките паѓаат драматично, се намалува бројот на вработени, слабата продуктивност и високите трошоци го прават овој сектор неконкурентен за соработка со странските партнери, ова се причините за прашањето кое сега се отвора, а тоа е ќе преживее ли текстилниот сектор годинава? Одговорот на ова прашање засегнатите ќе го побараат на следната седница на Економско-социјалниот совет, која треба да се одржи следната недела.