Предизборно политичарите се сетија на економијата
Предизборно политичарите се сетија на економијата. Програмите кои ги најавуваат за следните четири години се полни со ветувања за проекти кои ќе го подобрат кавлитетот на живот на граѓаните.
Економистите сметаат дека ваквото лажно додворување на партиите веќе не поминува кај најголемиот дел од граѓаните. А ветувања од типот, нов кличички центар или пруга кон Бугарија подобро и да не се спомнува. Програмите на партиите имаат заеднички именител, а тоа е дека многу убаво звучат, но во пракса се нереални.
„Дали во здравството ни е ок, дали образованието ни е ок, и дали инфраструктурно сме поткрепени. Дали ние можеме од точката А до точката Б да одиме без апсолутно никакви проблеми. А тоа се надоврзува и со компаниите со бизнисите, потоа дали ние го чуваме здравјето на граѓанитеи дали ги доквалификуваме и доустручуваме граѓаните? Толку е едноствно, ова се стратешки точки не само кај нас туку кај сите држави и тогаш би имале добри политички платфотми.“ - вели економистот Абилј Бауш.
Во изборна година бизнисот е суспендиран а инвестициите се поместени за некое подобро време. Вака размислуваат стопанствениците од земјава. Неактивноста на бизнис секторот е забалежително со намаленото индустриско производство на годишно ниво и тоа за близу 15 отсто и стагнацијата на нивото на бројот на работници во индустријата.
„Многу долго траат предизборниве активности и случувања, а се уште не се почнати. Шест месеци пред изборите и шест месеци по изборите треба да заборавиме на бизнисот. Сите сме претворени во политичари и аналитичари а бизнисот е препуштен сам на себе. Стопанството се наоѓа на многу кревки нозе.“ - Владанка Трајковска претседателка на Организација на работодавачи.
Неколку годишната криза која ја зафати и македонската економија освен што негативно влијаеше врз работењо на компаниите го наруши и стандардот на граѓаните. Во последниот квартал лани економскиот раст на земјава изнесуваше само 0,9 отсто, а во минатот предизборие се најавуваше дека изборјните програми се конструирани да овозможат раст на БДП од над пет отсто.