Предизборно бомбардирање - не запира објавувањето на снимени разговори
Foto

Предизборно бомбардирање - не запира објавувањето на снимени разговори

За 24 часа повторно нови бомби објавени на јутјуб каналот. Објавувачите тврдат дека се однесуваат на членови и припадници на двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во најновата која излезе денеска под наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли“  Во снимката се слуша како лицето претставено како Тушникот од Чифлигароски бара да му пуштат пари за да може да работи и објаснува како дошло до ситуација да е „блокиран“. Во разговорот тие споменуваат и лица Вице и Трајче за кои авторот имплицира дека станува збор за членовите на семејството Заеви. 

Тушникот:(столе)  Имам една стратегија, со Рашо бев Струмица и с Вицето само му кажа преку телефон, јас ќе се видам вторник или среда со него. Скопје ме викна. Има тука многу 5-6 души, брат, кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се заканват. Јас си направив моја екипа, затоа неќам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене, да нè спојат неќам. Сфаќаш?

Чифлигароски: Така, така

Тушникот: (СТОЛЕ )Значи вака е работата … Јас тие мора да ги средам, сфаќаш? Тој Чаки, кола, све, ќе му се запали овие денови. Многу ја претера, многу …

Чифлигароски: Кој?

Тушникот:Столе) Чаки едно дете го викат, од ВМРО е, така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво.

 Во бомбите пак кои според објавувачот се однесуваат на Јанушев од ВМРО ДПМНЕ а излегоа под наслов „Јанушев ќе ги убијам“, Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком во дел од разговорот кој имплицира дека гласовите се на Јанушев и Јанакиевски во едниот се слуша: 

Јанушев СтолеТаа Даниела и тој Ратко жими се слушај ми го зборот нека помине денот ќе ги убијам. Вчера до 12 се расправавме со Ратко кај треба да бидат компјутерите. Он ми вика ние се договоривме, ние имаме систем се да ни биде во „Борис Трајковски“.

Во втората снимка пак во која повторно објавувачот тврди дека се истите гласови на Јанушев и Јанакиевски се слуша како се разговара за партиски списоци во кои се впишани вработени во Телеком и кои треба да му се пратат на Жарко Лукарески поранешен извршен директор на компанијата.  

Јанушев Столе  – Кажи?

Јанакиевски Абе овој вика, Жарко Луковски, не си му ја пуштил листата на Телеком наредени по договор“,  

Јанушев Столе „Чекај да отворам не викам бе , не знам веќе на кого уште што не му е пратено . Чекај да видам, ... абе како не сум му пуштил сум му пуштил.

Објавувањето на бомби на интернет каналите стана особено актуелно, особено во предворието на изборите. Во  меѓувреме пртиите ја тераат својата кампања и средбите со граѓани тврдејќи дека секоја од своја страна ги почитува мерките и препораките за дистанца, заштитна опрема, маски и ракавици. 

0 Коментари

Остави коментари