Предизборни коалиции
Foto

Предизборни коалиции

Преговорите за евентуалната голема предизборна македонско албанска коалиција се пред самиот финиш и се водат интензивно и со БЕСА но и со останатите коалициски партнери на СДСМ информираше денеска техничкиот премиер но и потпретседател на партијата Оливер Спасовски . Одговарајќи на новинарско прашање токму на оваа тема посочи дека постои голем коалициски потенцијал за широка и како што рече победничка коалиција на престојните избори.

Од ВМРО ДПМНЕ пак по вчерашниот протест за правда велат граѓаните испратиле јасна порака дека ќе ја испратат СДСМ во опозиција на престојните избори. За сега се уште не откриваат околу евентуалните предизборни и изборни коалицирања но најавија дека наскоро јавноста ќе биде запознаена .

Во насока на предизборните и изборни калкулации она што за сега останува познато и извесно е предизборната коалиција меѓу Села и Гаши . ДУИ пак веќе најави дека сама ќе го трча изборниот процес , а ДПА на Тачи за сега се уште не се гледа во предизборна коалиција со некоја од партиите од македонскиот блок .

Во меѓувреме пак денеска почнува и проверката во избирачкиот список во ДИК а граѓаните ќе можат да направат увид дали ги има во него се до 11 март на полноќ. Во овој период гласачите ќе може да се поднесуваат барања за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот. На списокот ќе се најдат сите лица кои на денот на изборите наполниле 18 години.

0 Коментари

Остави коментари