Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката
Foto

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата.

СДСМ и коалцијата „Можеме“ денеска се во Крива Паланка и Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за „Обнова на Македонија“ во посета на Петровец, Илинден, Центар и Кисела вода.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово. Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Македонски брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, додека Левица ќе биде во Гевгелија. Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“  денеска се во Прилеп.

0 Коментари

Остави коментари