Предистрага за Мерко, општината негира ненаменско трошење на општинските пари
Foto

Предистрага за Мерко, општината негира ненаменско трошење на општинските пари

„Koj каква сака таква постапка нека отвора ние сме - и ќе докажеме дека сме чисти пред законот " велат од Кабинетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по претходно поднeсен предмет од страна на Антикорупциската комисија отвори предистражна постапка за градоначалникот на Струга за набавката на четирите службени возила меѓу кои и неговото луксузно Ауди А6 во вкупна вредност од 114 илјади евра од кои само ''Аудито' вреди 66 илјади евра и впрочем е најскапoто возило платено со јавни пари во последните две ипол години.

Од Обвинителството велат  дека надлежен обвинител работи на расветлување на случајот и бидејќи се работи за предистражна постапка не можат да соопштат повеќе детали.

,, Обвинителството постапува активно по предметот и по донесување на Јавнообвинителската одлука јавноста ќе биде  информирана".

Oбразложението на Мерко и тогаш а и сега е дека набаваката на возилата била неопходна оти Возниот парк на Општината бил стар и дотраен.

Но од Антикорупциска која предметот за набавката на четирите возила го отвори уште од лани бараат Kривична одговорност од Мерко поради злоупотреба на службената положба оти набавката на возилата ја направил во услови на ограничени располагања со Буџетот поради блокирана сметка односно во време на неподмирен долг од близу 4 милиони евра.

Како што е наведено во Извештајот на комисијата од 2019 та година ваквото сомнение за злоупотреба е констатирано и поткрепено и со наводите и од Ревизијата на финансиските извештаи на буџетската сметка на оваа Локална самоуправа.

Во текот на 2018 та година Државниот Завод за ревизија констатирал низа неправилности во работењето односно дека наместо да се преземат мерки за надминување на финансиската криза продолжиле условите за настанување на уште поголема финансиска нестабилност на општинската каса.

За набавката на возилата поединечно Општината потроши 1, 7 милиони денари за два автомобили од марката "Шкода Рапид", за едно возило од марката "Шкода Октавија"  плати 1,1 милион денари и над 4 милиони денари чинише црното "Ауди" за кое Мерко бараше и посебни технички спецификации.

0 Коментари

Остави коментари