Предавање по повод 80 години АСНОМ во Куќата на Уранија во Охрид
По повод одбележувањето 80 години АСНОМ, денеска напладне во Куќата на Уранија при МАНУ во Охрид ќе се одржи предавање, а гостин предавач ќе биде проф. д-р Владо Поповски.
Организатор на предавањето е одделение за општествени науки на МАНУ.
Предавањето е во рамки на Програмата на Научната и уметничка визита за 2024 година на Научниот и уметнички центар „Уранија“ при МАНУ.
Согласно Програмата, во текот на август ќе се одржи и научна дебата „Високото образование и науката“, во организација на одделение за општествени науки на МАНУ, Македонско - кинеска поетско - преведувачка работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Терминолошка работилница „Неологизмите во македонскиот јазик“ чиј организатор е Лексикографскиот центар „Ѓорги Старделов“ исто така при МАНУ.