Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум
Foto

Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум

Германскиот сценограф Јан Папелбаум вечер од 19 часот во Музејот  на современа уметност ќе одржи предавање „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, што е дел од програмата „Преведување визуелна драматургија 2019“ на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт.

Јан Папелбаум е еден од најинвентивните современи театарски сценографи во германскиот и европски театар, резидентен сценограф во „Шаубуне“ во Берлин, кој соработува со етаблираните режисери Томас Остермајер, Фалк Рихтер, Том Кунел …

-Негови најпознати сценографии се од претставите со специфични сценско-режисерски поставки, како „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Хеда Габлер“, „Елдорадо“ … каде што сензибилно, вешто, досетливо и непредвидливо ги спојува наративното од драмскиот текст, визијата на режисерот и сценографското дожувување на реалноста инспирирана од антропологијата на секојдневниот живот – животот и луѓето во и вон градовите денес и тука, соопшти Музејот на современа уметност.

Јан Папелбаум ќе зборува за своето сценографско искуство и неговото место во современиот театар, за германскиот театарски систем и неговата соработка со најталентираните современи режисери денес.

Покрај предавањето, утре и задутре ќе се одржи и стручна работилница за современа сценографија, во соработка со афирмирани и активни македонски сценографи, визуелни уметници, режисери и архитекти.

0 Коментари

Остави коментари