Пред пратениците Предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра

Собранието денеска треба да ја продолжи 102.седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е Предлог на законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра кој се носи по скратена постапка. 

Според Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина која изнесува 2,10 проценти.

- Република Северна Македонија ќе плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 проценти од износот на заемот. Република Северна Македонија ќе плаќа на Агентот на Заемодавачите провизија во висина од 12.500 евра на годишно ниво – се посочува во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страна.