Пред наредниот понеделник ќе се знае што договориле владата и банките за парите од кредитот
Во недела точно на пладне премиерот Христијан Мицкоски придружен од економскиот тим на владата и банкарите ќе ги прецизираат условите по кои комерцијалните банки ќе ги даваат кредитите наменети за компаниите од Унгарскиот заем.
Мицкоски на банкарите им упати порака дека сега е моментот да помогнат во подобрување на состојбите во македонската економија.
„Дадов насока преку министерката за финансии состанокот да биде овој викенд, оваа недела во просториите на Министерството за финансии, до тогаш ќе имаме уште неколку консултации. Треба заеднички како ризик да го споделиме, бидејќи секогаш кога ќе ме прашаат, премиере како да помогнеме, еве како да помогнеме, еве како – вака се помага. Со муабети и тапкање по рамо не се помага. Ајде заедно со државата да го споделиме овој ризик. И мислевме дека и тие треба да бидат општествено одговорни.“ - рече Мицкоски.
Официјално, од Македонската банкарска асоцијација веќе посочија дека нема да коментираат се додека не ги потврдат правилата со владата. Нашите информации велат дека тоа што најмногу им пречи на банкарите е ризиокот кој треба да го сносат од ова задолжување. Ниту една банка не сака рокот за враќање на парите да биде 15 години.
Тоа дополнително ја зголемува ризичноста на кредитирањето со образложение дека, доколку една компанија која земела кредит од 50 илјади евра и за 10тина години стане неликвидна и нема пари да го врати кредитот, во тој случај обврската паѓа на банката, бидејќи купената машина од пред 10 години одамна ја изгубила вредноста. Тоа значи дека банките ќе треба да ги вратат парите на државата.
Од денот кога беше објавено дека владата планира да истури свежи пари во стопанството, бизнис секторот беше подготвен дека ќе го чека дополнителна давачка, или дека ќе треба да им се плати провезија на банките за користење на парите од унгарскиот кредит. Но, денеска премиерот вели дека редовна преакса била за ваквите кредити каматата да ја плаќа државата. Тоа значи дека кредитите кои ќе ги земаат фирмите за да го зголемат производството а со тоа и нивниот капитал, каматата од 3,25 отсто ќе им ги плаќаат граѓаните со народните пари.