Пред лидерската средба Ковачевски - Мицкоски - обвинувањата продолжуваат
Димитар Ковачевски треба да се охрабри да прифати и организира тет-а-тет средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Ковачки вели Ковачевски да не се плаши од средба со Мицкоски. Апелира до Али Ахмети да му дозволи на вски да се сретне со Мицкоски.
„Ковачевски кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ е потполно заборавен и запоставен, истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно. Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети. Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација “- вели Драган Ковачки, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да се дојде до остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ, велат од СДСМ. На Мицкоски му порачаа дека ќе покаже дека е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи
Вчера во Влада имало координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската Ковачевски - Мицкоски. Според информации на ТВ 24 во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда. Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда.