Пред дербито во СЕХА, Парондо дециден: Важно е Скопје да има два силни клуба
Foto

Пред дербито во СЕХА, Парондо дециден: Важно е Скопје да има два силни клуба

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо ги искажа своите очекувања во пресрет на македонската пресметка во СЕХА лигата против Металург.

– Секогаш кога играме со Металург може да се случи нешто неочекувано бидејќи тоа се дерби средби. Тоа се два тима кои се големи ривали и сите знаат дека тоа е повеќе од обичен натпревар. Очекуваме добра атмосфера и верувам и гледачите ќе уживаат во мечот. Според мене најважно е Скопје да има два навистина добри клуба, вели Парондо.

Натпреварот се игра вечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски”.

Вардар досега има биланс седум победи и два пораза, додека Металург е на учинок една победа, еден нерешен резултат и седум порази.

0 Коментари

Остави коментари