Празникот на љубовта и младоста, младенци, оригинални обичаи и верувања
Foto

Празникот на љубовта и младоста, младенци, оригинални обичаи и верувања

Тврдината Исар денес е центарот на Штип. Реки од луѓе во текот на целиот ден се качуваат на врвот.  Така овде во Штип се слави првиот ден на пролетта. Празникот е автентичен , но нема пишани документи за тоа од кога точно потекнува и зошто се празнува. Освен што штипјани се искачуваат на врвот на тврдината Исар, за исполнување на желбите се фрлаат камчиња кон Брегалница. Се верува дека тоа носи здравје и благосостојба.

Празникот е особено интересен за младите. Тие качувајќи се на Исарот се поздравуваат со 39 луѓе, 40-от го бакнуваат. Се што се случува на овој ден е поврзано со бројот 40. Домовите на жителите на Исарот овој ден се отворени за гости. На секоја трпеза мора да има пуканки.

Со овој обичај, кој многумина го поврзуваат со христијанскиот празник 40 севастополски маченици и празникот Младенци, штипјани си посакуваат здравје и бериќет. Овој уникатен начин на празнување на пролетта  од пред неколку години се слави како дел од УНЕСКО и е првиот македонски обичај што стана дел од оваа  репрезентативната листа на нематеријално богатство.

0 Коментари

Остави коментари