Празничниот карантин почнува од недела
Foto

Празничниот карантин почнува од недела

Ја токмеше два дена и на крај Владата попушти со одлуката за полициски час. Карантин ќе има викендов, но не од сабота како што бараше Комисијата за заразни болести.  Ќе почне од недела во 11 часот, на граѓаните ќе им биде забранет излез од дома до вторник до 5 часот.  

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска порача дека одлуката нема да биде политичка, туку заснована на наука. Сепак од воведување на вонредната состојба, за прв пат Владата во целост не ја прифати препораката на лекарите.

На ова претходеше закана од ИВЗ дека нема да го почитува полицискиот час за најголемиот муслимански празник викендов. Да не се воведува 58 часовен карантин бараше и министерот за внатрешни Наќе Чулев. 

Дневните билтени се полнат со новозаразени бидејќи не се почитуваат мерките и заразата се шири главно на групни собири вели Филипче. Има луѓе во Струга кои одат на преглед со белодробни наоди кој одговара на Ковид-19 и тоа се луѓе кои присуствувале на литијата.  Од друга страна министерот вели дека лекарските проценки се дека наесен не очекува нов корона-бран, чии бројки ќе бидат драстично поголеми од актуелните.

Затоа се препорачува изборите да се одржат пред одморите. Се најавува отворање на градинките на почетокот на јуни, откако ќе заврши скринингот на сите вработени. Се очекува отворање на границите кон средината на јуни вели министерот.

Додека се прават плановите за отворање на границите, градинките и рестораните од следната недела, празнувањата за Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј викендов ќе  поминат во карантин.

0 Коментари

Остави коментари