Празни рафтови во маркетите, изгор цени на пазарите
Цените до плафон, рафтовите полупразни - граѓаните револтирани. Статистика измери скок на цените на храната, додека пак цените на мало зголемени за 3,3, за Министерот за економија Бесар Дурмиши доколку не биле замрзнати маржите, цените уште толку ќе се вивнеле.
„Да не ги имавме овие одлуки цените ќе имаа поголем раст, според информациите што ги имаме од државен завод за статистика, овие податоци што ги имаме сега инфлацијата е во 2,6 значи во стабилно ниво , да не ги донесевни ние овие одлуки значи инфлацијата ќе беше поголема и ќе имавме раст на основните прехрамбени производи.“ - Бесар Дурмиши министер за економија.
ТВ 24 анализира кои поризводи ги зголемија трошоците на живот на граѓаните а кои ги намалија. Податоците велат дека на годишно ниво има поевтинување на лебот и печивата но, поскапување на овошјето и зеленчукот, поскапо е месото и кондиторските производи, млечните прозиводи и јајцата се продаваат по исти цени како лани.
„Леб - 1.3%“
„Зеленчук 7.05“
„Овошје 0.4“
„Месо 0.3“
„Џем, мед и шеќер 4,37“
„Кафе, чај, какао 9,0“
„Сметки за комуналии 10,3“
„Сметки за домување 0,6“
„Мебел и покуќнина 4,3“
Дел од трговците со кои поразговаравме во зелените пазари и кои се опфатени од оваа мерка признаваат дека летово нините производи рушат рекорди во висината на цената.
Во моментов инфлацијата е на ниво од 2,6 а трошоците за храна бележат раст од 1,7%. Освен Државниот пазарен инспекторат контрола на договорите помеѓу производителите и трговците ќе врши и антимонополската комисија, се со цел да се избегнат манипулациите кои веќе започнаа да ги прават дел од несовесните граѓани.