Православните верници го слават Богојавление - Водици
Теодор Јовевски прв стигна до светиот крст што владиката Јосиф го положи во реката Вардар во Скопје. Епископот Јосиф годинава првпат ја водеше централната манифестација на Богојавление-Водици во главниот град, менувајќи го архиепископот г.г. Стефан, кој беше во Охрид и во Струга.
Во студените води на реката вардар се положи светиот крст, а по него се фрлија и над 200 храбри момци. Пред да го положи крстот во Вардар, владиката Јосиф чиноначелствуваше со литургијата во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. По завршување на заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“ каде почна „Водосветот“.
Откако го фати крстот Јовевски рече дека ова му било првпат и оти се надева дека ќе му донесе среќа, а на другите верници им порача да веруваат во Бога.
„Прва година ми е ова, среќа ваљда, одлично, ладно студено ,ама не е ладно кога е крстот тука. Да веруваат во бога.“ - Теодор Јовевски фаќач на светиот крст.
На кејот на Вардар имаше голем број верници кои присуствуваа на свеченоста.
„Водици значи голема верба кон господ.“
„Што се прославува, треба да се радуваме на тоа. Бог се јави“
„Празник за сите православни, добар празник, весел,се чусвуваме и ние вака повесело бидејќи, Исус е крстен во водите на тој ден.“
„Најсреќни да бидат младите, да се женат, да има млади дечиња, радосни, се Господ да ни дава. Среќни и весели да бидеме. Нека е за многу години, амин.“
Црвениот крст се грижеше за безбедноста на граѓаните кои се фрлаа по крстот. Тие велат дека над 30 волонтери даваа подршка за настанот со припадниците на тигар и полиција како и медицинската помош и пожарната.
„Поделени на неколку тима, екипите на црвениот крст ќе бидат лоцирани директно во вода кои ќе даваат подршка на самите учесници. Тука е триажниот шатор, медицинскиот екипи и тимот за спасување на планина и тимот за логистика ќе даде подршка од целиот настан за овие двата тима.“ - Црвен Крст Арѓент Ќиљафи.
Водици е еден од најголемите христијански празници по Божиќ и Велигден. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Водици е последниот празник во циклусот зимски празнувања.