Православните верници денеска го слават Бадник - предвесникот на Божик
Со кревање на бадниковото знаме, осветување на бадникови гранчиња и пораки за здравјем среќа и благосостојба, утрово пред соборниот храм Св. Климент Охридски голем број на граѓани го одбележаа Бадник - денот пред Христовото раѓање.
Пред присутните свое обраќање имаше и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски, како и бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски, кој се осврна на долгогодишната традиција на бадникарскиот одбор Бадникари.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во својот говор испрати порака до сите верници - да го дочекаме Божик во кругот на семејството.
Присутните граѓани со кои разговаравме велат бадниковата трпеза е подготвена, според нив традицијата е за да се почитува и продолжува.
Додека присутните верници палеа свеќи, во соборниот храм поглаварот на македонската православна црква охридска архиепископија господин господин Стефан на децата-учесници во бадниковите поворки им подари подароци.
Во поворките учествуваа и свештени лиоца и возрасни луѓе, додека децата ја пееја ангелската песна вечниот бог.