Право на глас имаат 1.814.263 граѓани
Foto

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани

На десеттите парламентарни избори право на глас имаат 1.814.263 граѓани.

Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лица кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа, а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето во сила на последната уредба на 15 јуни годинава, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.

Во однос на изборните единици, просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33.278 итн. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

На 90 избирачки места во земјава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски Брод има 11 такви избирачки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе можат да избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии.

0 Коментари

Остави коментари