Правилникот на ДИК останува, Уставен не поведе постапка

Уставниот суд донесе одлука за неповедување постапка за правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година.

Подносители на иницијативата до уставниот суд се здружението „Светски македонски конгрес”  застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.