Правила за летен туризам во Бугарија: Без фен и клима уреди
Foto

Правила за летен туризам во Бугарија: Без фен и клима уреди

Хотелите и рестораните во Бугарија веќе можат да пречекуваат гости согласно мерките и препораките дадени од министерството за туризам. Покрај задолжителната засилена хигиена за секој гостин, сопствениците на сместувачките капацитети се должни на секој турист да му обезбедат санитарен сет, кој вклучува заштитна маска и заштитни ракавици.

Се препорачува да се избегнува употреба на клима уреди а храната мора да се сервира само на отворени простори.

Масите мора да бидат поставени на растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.

0 Коментари

Остави коментари