“Правдата што доцни е неправда” - семејствата на загинатите во Кочани очекуваат постапување без притисоци по оставката на Коцевски
Правдата што доцни е неправда – вака семејствата на жртвите од кобниот 16ти март ја коментираат оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Родителите на загинатите за 24 велат дека сега очекуваат поголема транспарентност и професионално постапување без притисоци.
“Здружение на граѓани 16ти Март 2025 год.“
- Доколку под водство на Коцевски правдата доцни и се создава впечаток на селективност, тогаш неговото разрешување е легитимен и неопходен чекор за враќање на довербата во обвинителството. Од наша перспектива, се надеваме дека ваквата одлука нема негативно да влијае врз понатамошната постапка, туку напротив – може да придонесе кон нејзино забрзување, поголема транспарентност и професионално постапување без притисоци. Постапката е институционална, не лична, и мора да продолжи непречено, со јасни рокови и еднаков третман за сите инволвирани, без селекција, бидејќи се уште не се опфатени сите виновници во обвинителниот акт.
Денес, кога навршуваат точно девет месеци од трагедијата, обвинителот во заминување, на денешната прес конференција се пофали дека за рекордно време ја завршиле истрагата за Пулс, но не прецизираше до каде е истрагата за осомничените полицајци, кои вечерта биле во дискотеката.
06.07(за рекордно време) – 06.22 (од оваа истрага)
Љупчо Коцевски, попранешен државен јавен обвинител
И покрај јавните наводи дека постапката против полициските службеници инволвирани во настаните поврзани со „Пулс“ е во завршна фаза, сепак фактичката состојба укажува на сериозно одолговлекување и пробивање на разумните законски рокови, потенцираат родителите на загинатите.
“Здружение на граѓани 16ти Март 2025 год.“
- Дополнително, рокот од 15 дена за доставување предлози за докази од страна на одбраната сѐ уште не е ни започнат, бидејќи не се доставени известувања до сите осомничени. Оваа процедурална состојба во пракса значи дополнително пролонгирање на постапката без јасен временски рок за нејзино завршување. Очекуваме надлежното обвинителство без понатамошно одлагање да ги преземе сите потребни дејствија, да го активира законскиот рок и да донесе јасна и одговорна јавнообвинителска одлука.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште нема донесено јавнообвинителска одлука, иако од настанот помина значителен временски период, а истражните дејствија, како што самото Обвинителство признава, се при крај.
Инаку, под истрага се 26 полициски инспектори, началници и командири кои од 2012-тата па наваму давале одобрение кочанската дискотека да добие лиценца за работа. Сите се осомничени за кривичните дела”Тешки дела против општата сигурност” и “Предизвикување општа опасност”.

