„Правда за штедачи“ поднесе барање за оставка на ДКСК, Ивановска им порача дека сочувствува со штедачите
Foto

„Правда за штедачи“ поднесе барање за оставка на ДКСК, Ивановска им порача дека сочувствува со штедачите

Штедачите од Еуростандарад банка денеска протестираа пред Државната комисија за спречување корупција и побараа неотповиклива оставка од членовите.

Тие велат дека Антикорупциска се мешала без потреба и основ во постапката пред Уставниот суд, преку пречекорување на нивните надлежности.

Додадоа дека тие немаат надлежност да се произнесе за судир на интереси за судијата Дарко Костадиновски, кум на Коста Костовски, синот на Труфун Костовски, кој беше сопственик и главен акционер во Еуростандард банка.  

Претседателката на Антикорупциска, Биљана Ивановска, изјави дека секој судија треба да води сметка да не се најде во судир на интереси и под влијание, и сам да води сметка за своето непристрасно одлучување при судењето. 

Уставниот суд на седница на 15 април не донесе одлука по иницијативата за оценка на уставноста, туку за ова прашање решил да се обрати до ДКСК, за да произнесе дали постои судир на интереси кај судиите на Уставниот суд. Продолжението на седницата е закажана за 21 месецов.

 

 

0 Коментари

Остави коментари