„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
Правата на жените не значат ништо ако не можеме да ги одбраниме. Меѓународниот ден на жената годинава доаѓа во време кога правосудните системи се под притисок. Конфликтите, репресијата и политичките тензии го ослабуваат владеењето на правото. Резултатот - жените и девојките имаат само 64 проценти од законските права на мажите, се нагласува во пораката на ОН по повод Денот на жената - 8 Март, што годинава се одбележува под мотото „Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“.
- Жените се одбивани, не им се верува, повторно се жртви или им се одзема правната поддршка. Еднаквоста никогаш не доаѓа. Жените и девојките живеат без целосна правна заштита, а кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
Правдата не е слепа. Таа ја штити моќта и продолжува да владее против жените и девојките, стои во пораката од Програмата за жени на ОН (UN Women).
Во речиси 70 проценти од анкетираните земји, жените се соочуваат со повеќе пречки во пристапот до правдата отколку мажите. Не можат да си дозволите адвокат, правдата не им е достапна. Правните трошоци, транспортот, грижата за децата, изгубените плати ги држат милиони жени затворени надвор од правосудните системи.
За 676 милиони жени и девојки кои живеат во близина на активните конфликтни зони низ сбетот, правосудните системи не се достапни, а сторителите на насилство дејствуваат неказнето.
- Што всушност значи правдата за жените и девојките? Без правда, правата се само зборови. Со правда, правата стануваат моќ. Потребни се закони кои ги штитат жените и девојките од насилство, дискриминација и експлоатација, судови кои им веруваат на СИТЕ жени и девојки и ставаат крај на неказнивоста, правна помош до која жените и девојките можат да пристапат и да си ја дозволат, поддршка за закрепнување кога правата се прекршени. Правдата не се случува сама по себе. Таа се гради и мора да се финансира, наведуваат од UN Women.

