Пратеникот на ДУИ, Алими во истрагата на кажал дека бил во општина Чаир, ама не уништувал изборен материјал

Пратеникот Ејуп Алими од ДУИ, денеска го повлече предлогот да даде исказ како обвинет во случајот „Титаник 3“, па обвинителката Фатиме Фетаи побара, а судот дозволи во судница денеска да се прочита неговиот исказ даден во истрагата.

Во исказот во рамки на истрагата, тој рекол дека на изборите во 2013 не бил во општина Чаир да уништува изборен материјал како што се товари, туку дека ја во холот ја чекал сопругата која била претседател на изборен одбор во Чаир.

Покрај Алими, во „Титаник 3“ обвинет е и Исмет Гури од ДУИ.