Пратениците во кавга за скандалот со Платежната агенција
Обвинувањата за блокирањето на ИПАРД 3 програмата од партиска преминаа на собраниска говорница. Опозицијата бара оставка од министерот Трупуновски, власта се правда дека последната одлука за европскиот фонд бил поздравен од европските партнери.
На пратенички прашања поранешниот министер за земјоделие Николовски кажа дека стопирањето на исплатата на средствата е голем удар врз земјоделците.Праша зошто мерката 1 од ИПАРД 3 била заглавена 18 месеци.
Министерот Трупуновски не беше на седницата. Неговиот заменик Албрим Хоџа изјави дека Николовски писмено ќе добие одговор. Смета дека земјоделците не се доведени во голема опасност оти станува збор само за 50 договори.
Од ИПАРД, меѓусебните обвинувања преминаа на други мерки кои според нив поминале со скандали.
За ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени се само 8.Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра. Но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција.
Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

