Пратениците утре ќе треба пешки да дојдат на работа
Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците - да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.
Од Сојузот на синдикати - најавија дека блокадата пред Парламентот ќе започне во 9 часот на улиците Даме Груев и 11 октомври.
Преку блокадата ќе оневозможиме пратениците да ги наплатат и патните трошоци кои надминуваат и 100 евра за ден. Да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците, изјави првиот синдикалец Трендафилов.
Ќе се упати легитимно и уставно барање и за намалување на платите на функционерите.
ССМ и за четврток најави блокади пред Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата и Сојузот на стопански комори, а наредната недела во вторник ќе се блокира владината зграда.

