Пратениците се фалат работат за доброто на граѓаните, граѓаните не им веруваат
Пратениците од власта и опозицијата со заеднички сили и сплотено застанаа пред граѓаните да се пофалат дека платата во Собрание ја заслужуваат и работат за иднината на граѓаните.
Нешто што изостана кога граѓаните цели две недели ги прозиваа народните избраници зошто наместо на комеморативна седница за 62 загинати млади луѓе, решија да одат на мини одмор.
За разлика од тензичните говори од зад собраниските говорници, пратениците и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ денеска едногласни дека не за џабе се во Собрание.
„Ова е завршница на овој парламентарен пратенички каравн кој го имавме во повеќе градови заедно со сите пратеници, секако дека денеска гледате тука огромен број на дечиња од градинките и основните училишта и сметам дека оваа една пракса на дружење меѓу пратениците без разлика на нивната партиска определба заедно и со дечињата и со огромен број на граѓани треба да ја почитуваме и да продолжи оваа тардиција и во иднина.“ - Сања Лукаревска, пратеничка СДСМ.
„Мене како втор најмлад пратеник во македонското Собрание мило ми е и силно го поздравуавм овој чин бидејќи имав можност да се сретнам со многу млади луѓе, со иднината на Македонија. Со средношколци и со ученици од разни училишта од Скопје од кој што можев да слушнам што е она што најмладите наши сограѓани го мислат за нас како Собрание и што е она што го имаат да ни го порачаат како да работиме во иднина.“- Сергеј Попов, пратеник ВМРО-ДПМНЕ.
Нивниот ентузијазам, не го делат граѓаните. Дел од оние кои застана да ги слушнат - не им дадоа преодна оценка. Кај граѓаните лавина од реакции има и за високите суми на патни трошоци кои ги земаат народните избраници.