Пратениците сакаат после крајот на мандатот, државата да им гарантира вработување
Гаранции за можност на вработување во државни институции на пратениците по истекувањето на нивниот мандат ова е клучната поената на иницијативата зад која стојат група пратеници, меѓу кои и осумката исклучени од ВМРО ДПМНЕ, а што треба да биде измена на законот за пратеници, потврдуваат од пратеничките групи. Според планот, привилегии ќе има и за оние пратеници кои активно бараат работа во агенцијата за вработување. Официјално од телото за реформи велат дека има иницијатива но не сакаат да коемнтираат детали - само кусо велат дека не е приоритет.
„Има предлог од пратеници додека не се хармонизира со владата не можам ништо да ви дадам. Знаете дека нема да се даваат повеќе пари на тие што седат дома.“ - вели Реџаил Исмаили Претседател на тело за реформи.
За идејата да стане закон најпрво ќе треба да се усогласи со владата, но и тогаш е неизвесно дали ќе заживее ако се земе предвид дека во 2005-та сличен обид за специјален закон, со кој пратениците го намалија прагот за пензионирање падна на уставен. Планот на пратениците е законот да помине заедно со пакетот од другите 30 од реформската агенда. Меѓу нив Законот за СЈО со кој треба да се дефинира како ќе продолжи понатаму оваа институција односно дали самостојно или како дел од ОЈО, тука се дел и од судските закони,Законот за судски совет, Законот за кривична постапка, за спречување на корупција и судир на интереси. Законот за медуми кој неколку месеци е заглавен во собранието, се најавува веќе в понеделник на собраниска седница. А се очекува и останатите да бидат гласани до крајот на јануари.
„Дискутиравме што би можеле како текстови да ги ставиме во процедура, зошто дел од нив се пристигнати во Собрание, како би можело да отвориме постапка. Тука мислам дека ќе се најде законот за судови, за судски совет, тоа се веќе закони кои ги поминаа сите дистанци и добија зелено светло.“ - вели Снежана Калеска Ванчева.
Најголем дел од реформски закони треба да се гласаат со двотретинско мнозинство, кое валста со исполнувањето на условот амнестија за 27 април на исклучените пратеници од ВМРО ДПМНЕ го има. Пратениците на најгоелмата опозициска партја ја бојкотираат и оваа група. Власта очекува поддршка за реформските закони.