Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница за пратенички прашања

Пратеничката група на СДСМ ја напуштија собраниската сала каде беа закажани пратенички прашања. Координаторот Оливер Спасовски - вели дека власта не го почитува деловникот. Беспредметно е ние да поставуваме прашања кога нема кој да ни одговори.

Ниту премиерот ниту поголем дел од министрите се на денешната седница - дополни Спасовски.  

Пратеникот Илир Хасани од ДУИ го поздрави проектот „Сејф Сити“. Но, упати доза на критики и прашање до Министерот за внатрешни Тошковски за доцнењето на неговата имплементација и како што рече навлегувањето во приватноста на патниците.

Од домашна - пратениците преминаа на надворешна политика. Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица го заокружи пратеничкото прашање со познатата фраза „Каде плови овој брод“ критикувајќи ја политиката на владата за се поблиските односи и партнерства со САД.  

На пратеничките прашања собраниската сала речиси беше празна. Во меѓувреме стигна писмо од премиерот до сорбанискиот спикер Гаши во кое неговото неприсуство на пратеничките прашања беше оправдано со патување и средба на Мицковски со европски преставници.