Пратениците го изгласаа и вториот нацрт-амандман за АСНОМ и впишување на Охридскиот рамковен договор
Со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 „воздржани“ Собранието го утврди вториот нацрт-амандман за уставните измени, со кои се интервенира во преамбулата на Уставот и зборовите „Одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од првото заседание на АСНОМ“, како и се додава Охридскиот pамковен договор.
Претходно пратениците го утврдија и првиот нацрт-амандман за промена на името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.