Пратениците барем пред камера пешки во Собрание, за дел од власта блокадата била атак врз пратениците

Пеш, или со автобус вака народните избраници денеска дојдоа во Собание. Од едната страна на улицата пред парламентот синдикатите на  другата пратениците кои тивко преку службениот влез доаѓаа на работа.

Ставови во врска со барањата за минималната плата на пратеничките групи  и денеска различни. 

И партиските лидери се огласија . За премиерот Мицкоски протестот на синдикатите бил со политичка позадина а владата направила се што било во нејзина надлежност . 

Опозицискиот лидер Филипче пак својот став го изнесе од собранискиот прес центар . Побара зголемување на минималната плата на работниците до 600 евра но и СДСМ рече дека ќе поднеле и измени на Законот за административни службеници. Во делот на патните трошоци пак додаде дека треба сериозно да се разгледа оваа тема и да се плаќа само онолку колку што е реално .  

Токму околу ова законско решение народните избраници денеска ги вкрстија копјата во законодавниот дом откако СДСМ реши повторно да го предложи овој закон кој претходно беше вратен на доработка од страна на собранискиот спикер Аафрим Гаши поради технички недостатоци.