Пратенички прашања - жестока реторика помеѓу пратениците

Жестока дебата во Собранието, власта и опозицијата во клинч - македонскиот идентитет и јазик, повторно во вртлог на партиските пресметки.

СДСМ ја обвини власта за неуспех да обезбеди подобрена преговарачка рамка на земјата со ЕУ -  Мицкоски им одговори, дека прифаќањето на Францускиот предлог е стратешка грешка, која оваа власт ќе ја исправи. 

Порача – тоа што не им успеало на Тодор Живков и плејада бугарски политичари, СДСМ го прифатила. 

Христијан Мицкоски премиер  - Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте. И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Ерес беше. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. 

Од СДСМ одговорија дека премиерот се обраќа на погрешна адреса. Пратеникот Трајчуловски му порача на Мицкоски дека СДСМ се наследници на антифашизмот, а ВМРО ДПМНЕ има хибридна идеологија 

Митко Трајчулески СДСМ – Ние сите како социјалдемократи, ние сме наследници на асномските идеали, на антифашизмот. За разлика од хибридната идеологија на ВМРО – ДПМНЕ, која час е наследници на Ванчо Михајлов и Тодор Александров, час на Гоце Делчев. И тоа е каменот кој ќе стои на вратот на ВМРО ДПМНЕ за век и веков.

Партиските копја се судрија и за резолуцијата во Еворпскиот Парламент. Трајчуловски го праша Мицкоски – дали ја враќа земјата во време на Груевски. Тој му возврати – да ги праша своите сопартијци за состаноците кај екс претседателот и донесувањето на Кривичниот законик.  

Митко Трајчулески - Дали сакате Македонија да ја вратите во 2008 кога Груевски почна да го спроведува режимот? И дали за вас бугарското негирање на македонскиот идентитет во дебатата за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент е истиот мотив како што беше грчкото вето на НАТО Самитот во Букурешт за вашиот партиски претходник Никола Груевски?

Христијан Мицкоски – Можеби некои од вашата пратеничка група ќе ве запознаат за состаноци кои тогаш се правеа кај претседателот Пендаровски итн. Кои беа идеите, што беа идеите. Ќе ве прашаат, ќе ви дадат одговор детално – што се случувало таму, како се случувало, поврзано со дел од имињата кои што ги спомнувате и јас нема да коментирам. Но знам дека после тие состаноци, магично во овој парламент се смени Кривичниот законик, со европско знаме, се избриша членот 353, некои дела застареа. 

Во собранието денеска се коментираа и инвестициите во патните Коридори,  минималната плата, енергетиката и животниот стандард, а премиерот со

со бројки , за кои рече -  пред кои и боговите молчат, објаснуваше дека македонските граѓани, подобро живеат од пола Европа.