Прашањето за недела како неработен ден

Прашањето за недела како неработен ден треба да се постави на седница на Економско социјалниот совет. За жал ние можеме да констатираме дека дијалогот е занемарен, затоа што веројатно изостанува како капацитет да се води дијалог во однос на сите прашања а секако и за трудовата легислатива или пак за недела како неработен ден, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата, Миле Бошков.

Според Бошков, недела неработен ден е  ден во кој работниците треба д аодмараат бидејќи работодавачите секако го губат профитот во спротивно  ги губиме работниците и се создава незадоволство. 

„Најдоброто решение, според нас, бидејќи сепак треба да разговараме и со синдикатите и со владата, е дека таму каде што има потреба и неопходност да се води бизнис и да бид еотворен бизнисот, не зборувам за специфичните дејности кој по закон мора да бидат опфатени, туку зборувамз а таму каде што има бизнис и таму каде што има неопходност за водење на бизнис. Во тој случај работниците точно ќе знаат дека ќе имаат поголема плата, дека ќе имаат надомест, дека ќе имаат одмор, дека тој одмор треба да биде споен, дека треба да биде развоен, или дека треба да бидеме слободни и умни дека секој индивидуално треба да ги остварува своите индивидиуални права.“- вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата. 

Синдикалците цврсти на ставот дека работникот заслужува одмор. Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски вели дека ова прашање е зацементирано и дека треба да се разговара за унапредување на благосостојбата на работникот а не да се гледа само низ призма на профит со плата која е под нивото во регионот. 

Од Бизнис конфедерацијата на ставот дека ова прашање треба да биде меѓудругото и слобода на избор на работникот и дека депласирано е да се разговара за недела неработен ден. 

„Нашата идеја е дека овој пат кога разговараме за недела неработен ден треба да разговараме и за капацитетот за тоа колку сме ние спремни како општество да ги прифаќаме сите можни услови за работа. Времето се менува, можеби веќе луѓето на некои места нема да има потреба да работат и ќе биде депласирано да се разговара за недела неработен ден. Но во некои дејности особено во услужните каде што луѓето, емпатијата, вештините с енајважни, професијата која ја имаат за тоа треба да разговараме дека тоа треба да биде слобода на избор, платена за да можеме работниците кои ги губиме од ден во ден да ги убедиме да стекнат доверба дека може да работата во Македонија и во недела и во понеделник или било кога.“ - вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.  

Од Влада не одговорија како ќе се постават по однос на ова прашање а ниту кога би била свикана седница на Економско социјален совет.