Познати сите четвртфинални двојки во кошаркарската Евролига

 

Кошаркарите на Басконија вечерва го совладаа составот на Виртус со конечен резултат 89:77 во плеј-ин од Евролигата.

Така, екипата на Басконија во шпанската пресметка ќе игра во четвртфиналето од плеј-офот против Реал Мадрид.

Тимот чиј тренер е Душко Ивановиќ го предводеше Маркус Хауард со 28 поени, Метју Кастело постигна 19, а Тадас Седекерскис 16 поени.