Познати носителите и кандидати на листите за пратеници на изборите на СДСМ и коалицијата
Foto

Познати носителите и кандидати на листите за пратеници на изборите на СДСМ и коалицијата

СДСМ на Конгресот на партија во Скопје ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Како што соопшти на прес – конференцијата лидерот на партијата Зоран Заев, покрај четворката каде носител ќе биде тој, во првата изборна единица носител на листата ќе биде актуелниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Носител во шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами.

Согласно најавите на лидерот на партијата Заев и на заменик претседателката на СДСМ  Шекеринска дадени на прес-конференција вчера во седиштето на партијата, во секоја изборна единица партијата ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена. Така на листата за првата изборна единица тандем на Димитров е Мила Царовска, во двојката по Спасовки е Соња Лукаревска, во тројката втора на листата е Јагода Шахпаска, во четворката заедно со Заев носителка е Соња Мираковска, во петката во тандем со Шекеринска е Јован Митрески, а во шестата изборна единица која ќе ја предводи Касами, втора на листата е Фаница Николовска.

Тој додаде дека сите политички субјекти во оваа коалиција ја препознаа важноста државата да продолжи по вистинскиот пат, концептот едно општество да се зацврсти уште повеќе и за уште посилен економски напредок. Сега кога државата е на вистинскиот пат кога стануваме дел од НАТО  и започнува преговори со ЕУ важно е, рече, државата да продолжи по тој пат, да продолжат реформите, растат и платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите.

Листите се утврдени од партиските органи и во координација со коалициските партнери.

0 Коментари

Остави коментари