Познати имињата на сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант
Foto

Познати имињата на сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

Иако полицијата на Лос Анџелес чекаше официјални информации од истрагата и не ги објавува имињата за загинатите во хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант, роднини и блиски на жртвите веќе се простуваат од нив на социјалните мрежи, а нивниот идентитет го открија и повеќе медиуми.

Во тешката хеликоптерска несреќа што се случи вчера во Калифорнија загина еден од најдобрите кошаркари во историјата на тој спорт Коби Брајант. Имаше 41 година.

Покрај него, загинаа уште осум луѓе, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Во несреќата загина и нејзината соиграчка од кошаркарската екипа Алиша. Со неа биле и нејзините родители Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон Алтобели имал 56 години, а работел како тренер по безбол на еден колеџ во Оринџ Каунти. Тој и сопругата ја придружуваа ќерката на натпреварот кој требало да се одржи напладне.

Ќерката на Брајант, Џиана и Алиша заедно играле кошарка за Мамба Академијата. Алтобели редовно патувал на натпреварите на својата ќерка.

Меѓу загинатите е и тренерка по кошарка во едно приватно училиште во Оринџ Каунти, Кристина Маусер.

– Децата и јас сме скршени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодарам на вашата поддршка, многу ни значи, напиша нејзиниот сопруг на Фејсбук.

Според Си-Би-Ес, во несреќата загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон. Пилoтот бил Ара Зобајан.

0 Коментари

Остави коментари