Познати групите за квалификациите за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата 2024
Четири квалификациски турнири за Олимписките игри ќе се одржат од 2 до 7 јули, а само победниците на тие турнири ќе добијат настап во Париз од 24 јули до 9 август следната година.
Три селекции од регионот ќе се соочат на квалификацискиот турнир во Пиреја и ќе се обидат да се пласираат на Олимписките игри што следното лето ќе се одржат во Париз, а покрај домашната репрезентација на Грција, Словенија и Хрватска, како претставнци на европската машка кошарка ќе со обидат да изборат пласман и Нов Зеланд, Доминиканската Република и Египет, одлучи на жрепката одржана во седиштето на Меѓународната кошаркарска асоцијација (ФИБА).
Во првата фаза од натпреварувањето во Пиреја, Хрватска ќе биде во групата А со Словенија и Нов Зеланд, додека Грција, Египет и Доминиканската Република ќе играат во групата Б. Од секоја од тие групи ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации до полуфиналето, а победниците од полуфиналето ќе се сретнат во дуел кој ќе изнедри патник на Олимпијадата во Париз.