Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за осминафиналната фаза во националниот куп. 

Двојки за 1/8финалето во Купот на Македонија:

Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново.

Се игра по еден натпревар (без реванш), термините се 27/28 октомври.