Познати двојките за четвртфиналето во кошаркарскиот Куп на Македонија

аврши првиот дел од домашното кошаркарско првенство по што познати се двојките за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија.

За пласман во полуфиналето ќе играат:

  • МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
  • Еуро Никел – Феникс
  • Пелистер – ТФТ и
  • Работнички – Чаир.

Во последните два натпревари од 11. коло вчеравечер ТФТ на гостински терен го победи Феникс со 79:75, додека Еуро Никел во Кавадарци беше убедлив против Вардар со 50 разлика (116:66).

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 21 бод, Еуро Никел 19, Пелистер 19, Работнички 18, Чаир 18, ТФТ 18, Феникс 17, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Академија ФМП 13, Охрид 12.