Познат хирург од Штип е деветата жртва на ковид-19 од страна на медицинските работници
Foto

Познат хирург од Штип е деветата жртва на ковид-19 од страна на медицинските работници

Познат хирург Ѓорѓи Денков од Штип е деветата жртва на ковид-19 од медицинската фела, директорот на болницата Ален Ѓоргиев за ТВ 24 ја потврди оваа вест, но истакна дека докторот се лечел во друга болница, а не кај нив.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките против оваа болест, бидејки како што истакна леглата во Штипската болница за прием на пациенти од Ковид 19 е пополнет. 

Филипче пак денеска најви план за зголемување на здравствени капацитети во интерните одделенија, ова денска го изјави министерот Венко Филипче кој заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, докторот Жарко Караџовски, имаше средби со директорите на универзитетските клиники, клиничките и општите болници ширум државата и со главните медицински сестри од скопските клиники. 

„Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, кажа министерот за здравство. 

Според најавите на Филипче се очекува наскоро да пристигнат брзите тестови за детекција на ковид-19 кај пациентите. 

И додека се мобилизира клинички за да и помогне на инфективна, Дебар, градот во кој во март се појави првиот случај на заболен од ковид 19 во Македонија, не може сам да се справи со нов, посилен бран на заразени. Нема доволно кревети за пациенти во болницата, а нема ниту медицински персонал. Педијатарот, Арбен Аголи, кој беше првиот лекар во Македонија кој се разболе од ковид 19, вели дека доаѓа тежок период за Дебар.

Алармантно е и во Велес. Во велешката болница за два дена седум пацинети ја изгубија битката со вирусот. Капацитетот на кревети од 35 во текот на изминатата недела беше зголемен на 54. Според информациите од велешката болница причините за зголемената смртност на пацинетите се многубројни, оттаму објаснуваат дека болеста е  непредвидлива и тешко може да се контролира. Во Велес има повеќе од 120 активни случаи. 

Кичево нема ковид центар, поради немање услови пациентите се примаат во шатор. Бројот на инфицирани со вирусот Ковид во Кичево е во пораст. 

Четири лица од вкупно 532 хоспитализирани низ болниците во Македонија се наоѓаат на респиратор. Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни случаи  на Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари