Позитивни на корона вирусот уште две лица
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната втора прес-конференција ќе информира за резултатите на 12 пациенти кои се тестираа денеска за коронавирусот. Од нив двајца се позитивни на вирусот.
„Двајца се позитивни на вирусот, тоа се двајца луѓе од Дебар кои биле во непосреден контакт со заразените од Дебар, другите лица кои живеат со нив се негативни, но ќе бидат на домашно лекување, тие нема да бидат хоспитализирани„ - рече Филипче.
За дополнителните мерките кои ги донесе Владата, информираше Филипче, дека зравствените работниците нема да можат да користат годишен одмор. Бројката на заболени сега изнесува 9. На сите здравствени лица им се укинува платено или неплатено отсуство или одмор.
Медиумите ќе емитуваат препораки, а заклучоците и мерките на Владата ќе бидат емитувани редовно.
Јавните претпријатија, органи на државна управа се задолжуваат , а им се препорачува на приватните компании да може да користат оправдано отсуство со доказ за отсуство поради грижа за малолетни деца до 10 години. Еден родител да може да биде оправдано отсутен. овој заклучок се однесува и на самохраните родители. Родителите треба да достават доказ дека во секое време ќе бидат достапни на своето работно место.
Ќе се зајакнат контролите на граничните премини. Да се прекине работатат на библиотеките, студентските и ученичките домови во наредните 14 дена , а вработените да бидат ослободени од работни должности.
МВР да покрене истрага за лажни информации и дезинформации во медиумите.
Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра.