Пожарот во Зелениково се приближил до куќите, жителите и пожарникарите спречиле катастрофа

Голем и страшен пожар ноќеска избувнал во билзина на селото Зелениково, при што загрозени биле и куќите од ова наслено место, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој истакна дека добил повик од испаничени жители чии домови биле во опасност да изгорат.  

- Веднаш се јавив на дежурниот скопски пожарникар. Телефонот заѕвони само еднаш а веќе го слушнав неговиот глас од другата страна. Го известив дека во Зелениково најверојатно има опасен пожар после што тој веднаш ми кажа дека веќе знаат и нивното возило од станицата во Драчево итно тргнало кон посочената локација - посочува Ангелов.

Тој додаде дека и самиот веднаш се упатил кон Зелениково, иако во тој момент се наоѓав на патот кој води низ ловиштето Јасен, враќајки се од Македонски Брод каде што ги имале завршните договори за денешното гасење на пожарот кој е активен на висок, тешко пристапен и карпест терен.