Пожарот во тетовско е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

Пожарот кој избувна во фабрика за бои и лакови во тетовско е ставен под контрола.

Пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории. Четворица пожарникари завршиле во болница поради вдишан чад.

Екологистите ги повикаа надлежните да спроведат строги контроли и да проверат дали се почитувани безбедносните мерки.

Министерката Шукова ги чека анализите од институтот за јавно здравје, вели државата нема лабораторија која може да мери испарување на органски загадувачи.