Пожарот во „Пулс“ во Кочани ја одзема и 60-та жртва: Почина Александар Карадаковски, управителот на дискотеката
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одзема и 60-та жртва.
Почина Александар Карадаковски, управителот на фирмата „МММ Кафе дооел“, кој што управувал и со дискотеката „Пулс“ во Кочани, пишуваат медиумите.
Инаку Карадакоски беше повреден во пожарот во Кочани и со уште тројца пациенти беше пренесен на лекување во Литванија.